Израснатата трева во дворот на Владата ги „скара“ Џафери и Арсовска: Кој е надлежен да ја искоси?

Израснатата трева од половина метар во дворот и околината на Владата денеска предизвика расправии помеѓу техничкиот премиер Талат Џафери и градоначалничката Данела Арсовска. На новинарско прашање на денешната прес конференција на Џафери, зошто не е искосена тревата, премиерот одговори дека тоа е обврска на друга институција, поточно на Град Скопје, во чија надлежност, како што …

Израснатата трева во дворот на Владата ги „скара“ Џафери и Арсовска: Кој е надлежен да ја искоси? Read More »

Поднесена е кривична пријава за пожарот на мостот „Беласица”

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска објави дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот „Беласица“ кој избувна на 11 мај минатата година. -Под мостот предизвикан е пожар на “просторија за компензација на тополовод” во истиот мост, на левиот брег на реката Вардар, кој се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои …

Поднесена е кривична пријава за пожарот на мостот „Беласица” Read More »

Стефковски: Арсовска го изгуби кредибилитетот да го води Скопје, нека си поднесе оставка!

Време е Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да си поднесе оставка, оценува градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, по исклучително слабиот резултат кој го постигна партијата на актуелната градоначалничка на парламентарните избори одржани пред два дена. Во објава на својата Фејсбук страница, Стефковски потсетува дека кредибилитетот и легитимитетот на секој …

Стефковски: Арсовска го изгуби кредибилитетот да го води Скопје, нека си поднесе оставка! Read More »

За еден месец 42 граѓани со попреченост од Центар користеле бесплатен превоз до болница

Можноста за бесплатен транспорт до здравствените установи, за што Општина Центар потпиша Меморандум за соработка со Црвен крст на Македонија, за еден месец ја искористиле 42 граѓани со попреченост. Станува збор за бесплатен превоз со наменски возила на Црвениот крст за корисници над 18 години, кои користат ортопедско помагало (инвалидски колички, дубаци или одалки), а …

За еден месец 42 граѓани со попреченост од Центар користеле бесплатен превоз до болница Read More »

ЦУК: Паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ во Автокоманда

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) синоќа е добиена пријава за паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ близу паркингот на влезот на фабриката „Железара и Железарија Јоле“ во населбата Автокоманда. Од ЦУК денеска соопштија дека веднаш по добиената информација Секторот за операции и координација ги известил …

ЦУК: Паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ во Автокоманда Read More »

Карпошани со претставка до полицијата ќе бараат поголема безбедност во општината

Трки со автомобили по булеварот Партизански одреди во ноќните часови, возење со недозволена брзина преку ден, дивеење на дел од моторџиите, непочитување на сообраќајни возила и прописи, сето тоа ја намалува безбедноста во сообраќајот, за што сведочат и неколкуте сообраќајни несреќи на овој булевар во последниот период. Недозволено паркирање, прекумерна бучава од градилиштата и кафулињата, …

Карпошани со претставка до полицијата ќе бараат поголема безбедност во општината Read More »

Во населбата Кисела Вода се обезбедуваат нови 25 паркинг-места

Изградбата на новиот паркинг простор на улицата Козјак во населбата Кисела Вода е во завршна фаза, информираат од Општината. На улицата, на простор од 400 квадратни метри со овој зафат ќе се обезбедат 25 нови паркинг места. Решавањето на проблемот со недостиг од паркинг места со кои се соочувавме со години наназад е поставен високо …

Во населбата Кисела Вода се обезбедуваат нови 25 паркинг-места Read More »

Во текот на пролетниот распуст бојадисани училниците во ОУ „Димо Хаџи Димов“

Основното училиште „Димо Хаџи Димов” доби нови бојадисани училници и ходници, во кои учениците по пролетниот распуст, ја продолжија образовната програма од второто полугодие. Пред почетокот на оваа учебна година, освежени беа и просториите во основните училишта „Петар Поп Арсов“, „Аврам Писевски“ и „Војдан Чернодрински“, во кои, како што информираат од Општината, е употребена посебна …

Во текот на пролетниот распуст бојадисани училниците во ОУ „Димо Хаџи Димов“ Read More »

Канцеларијата на „Градски паркинг“ во Карпош преселена кај Млечен ресторан

ЈП „Градски паркинг“ ја пресели канцеларијата во Карпош, која до неодамна се наоѓаше кај Агенцијата за катастар, на нова локација. Карпошани кои имаат потреба од услугите на ЈП „Градски паркинг“ од овој месец за сите прашања поврзани со зонското паркирање, кое постепено се воведува на територијата на оваа општина, можат да ги посетат работните простории …

Канцеларијата на „Градски паркинг“ во Карпош преселена кај Млечен ресторан Read More »

ФОТО: Во скопски Капиштец падна дрво како последица на силниот ветер

Во скопската населба Капиштец падна дрво како последица на силниот ветер кој го погоди главниот град. Паднатото дрво не предизвика посериозна штета. Како што претходно беше најавено, вечерва се очекува силно невреме со дожд и ветер.