Хорор во БиХ: Маж си ја убил сопругата, а потоа и себеси
Безживотни тела на маж и жена биле пронајдени вчера попладне во куќа во Фоча, Босна и Херцеговина, пишува Кликс.ба. Според првите информации, мажот ја убил сопругата, а потоа и себеси, потврдија за локалното Радио Фоча. Оттаму додаваат дека на телата има прострелни рани, а денеска треба да се изврши обдукција.