ВИДЕО: Босфор затворен, се заглави украински брод

Босфорскиот теснец кој го поврзува Црното Море со Средоземното Море, е затворен за бродови откако денеска таму се насука товарен брод од Украина, соопштија турските власти за ДПА. Бродот Алексис превезува прехранбени производи од Украина до Египет. Дефект на моторот се случил во близина на излезот од водниот пат, изјави портпаролот на Управата за безбедност …

ВИДЕО: Босфор затворен, се заглави украински брод Read More »

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и на техничката влада Андреј Пленковиќ по седницата на претседателството на партијата изјави дека има повеќе од 76 пратеници кои се подготвени да го поддржат. На парламентарните избори во Хрватска на 17 април ХДЗ го освои мнозинството мандати во Парламентот, но недоволно за сама да формира влада, па претходните …

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада Read More »

Кинескиот претседател Си Џинпинг утре во посета на Белград, неговата делегација ќе ја чуваат 3.400 полицајци

Кинескиот претседател Си Џинпинг утре доаѓа во официјална посета на Србија, а за неговото доаѓање во српската престолнина се преземени големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци, јавуваат српските медиуми. Како што се наведуваат српските медиуми кинескиот претседател Си ќе го пречекаат српските ловци МиГ-29 кои ќе го следат неговиот авион …

Кинескиот претседател Си Џинпинг утре во посета на Белград, неговата делегација ќе ја чуваат 3.400 полицајци Read More »

Уапсени во Косово руски државјани

Маж и жена со руски пасоши се приведени синоќа на граничниот премин Јариње меѓу Србија и Косово од страна на косовската полиција, поради сомневање дека претходно влегле во земјата преку нелегални патишта, јави дописникот на МИА од Приштина. Двете лица на преминот на косовска страна, при обидат да ја напуштат земјата, пристигнале синоќа околу 20 …

Уапсени во Косово руски државјани Read More »

ФОТО: По Аја Софија уште една црква во Истанбул стана џамија

Како што пишува турски „Сабах“, џамијата Карие, која се наоѓа во центарот на Истанбул, по 79 години, денеска, 6 мај, официјално ќе биде отворена за верниците. Како што е најавено, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе присуствува на церемонијата преку телеконференција од Анкара. Kariye Museum, İstanbul, 1971 (Since 2020 the museum- originally Chora Church …

ФОТО: По Аја Софија уште една црква во Истанбул стана џамија Read More »

Заедничка вежба на НАТО, КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција

Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, заедно со Мисијата на Европската унија за владеење на правото, ЕУЛЕКС и полицијата на Косово утре ќе одржат заедничка вежба, насловена „Златна сабја 2024“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на КФОР се вели дека вежбата што ќе се одржи во кампот Врело ќе ги …

Заедничка вежба на НАТО, КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција Read More »

ВИДЕО: Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија, по криминалниот клан се трагало 3 години

Шпанската полиција разби српска организирана криминална група осомничена дека го нападнала домот на ривалскиот клан од Србија минатиот јануари. Во акцијата беа уапсени 11 лица, меѓу кои и лидерот, по кого Србија распиша потерница уште во 2021 година. Во провинциите Малага, Мадрид и Барселона се извршени апсења поради вмешаност во криминални дејствија – киднапирање, грабеж …

ВИДЕО: Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија, по криминалниот клан се трагало 3 години Read More »

Борут Пахор сериозно се подготвува за функцијата специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, најави дека неговиот кабинет и Министерството за надворешни работи во Брисел најверојатно следната недела ќе ја достават неговата кандидатура за специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград. Во интервју за РТВ Словенија, Пахор изјави дека има голем број идеи како да се …

Борут Пахор сериозно се подготвува за функцијата специјален пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина Read More »

ВИДЕО: Снимен филм за децата од Сараево убиени од снајпер во текот на 90-тите

На петти мај, во Кантонот Сараево во Босна и Херцеговина се слави Денот на сеќавање на убиените деца од Сараево. Наскоро се очекува да биде објавен документарниот филм за децата убиени во Сараево за време на опсадата на градот (1992-1995) од страна на Армијата на Република Српска, пишува Кликс.ба. Филмот „Снајперската уличка – на мојот …

ВИДЕО: Снимен филм за децата од Сараево убиени од снајпер во текот на 90-тите Read More »

Владата на Црна Гора планира да поднесе два амандмани на Резолуцијата за Сребреница

Владата на Црна Гора планира да поднесе два амандмани на Резолуцијата за Сребреница за да се постигнат најдобри можни односи и да се смири политичката тензија во регионот, потврдија неофицијално од тамошната Влада за „Вести“. Во првиот амандман се вели дека „ вината за кривичното дело геноцид е индивидуализирана и не може да се припише …

Владата на Црна Гора планира да поднесе два амандмани на Резолуцијата за Сребреница Read More »