Нема договор помеѓу Белград и Приштина за трансакциите во динари

Денешната средба меѓу претставниците на Белград и Приштина за изнаоѓање одржливо привремено решение за луѓето кои се најпогодени од регулативата на косовската Централна банка за забрана на сите останати готовински трансакции освен во евра, покажа дека страните не можат да најдат компромисно решение за преостанатите отворени прашања, соопшти вечерва Европската служба за надворешни работи. – …

Нема договор помеѓу Белград и Приштина за трансакциите во динари Read More »

Мицотакис за обидот за атентат врз Фицо: Грозоморно – ваквите акти на насилство немаат место во нашите општества

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис изрази шокираност од „грозоморниот напад“ врз неговиот словачки колега Роберт Фицо, кој беше повреден во пукање и пренесен во болница. „Шокирани од грозоморниот напад врз премиерот на Словачка Роберт Фицо. Ваквите акти на насилство немаат место во нашите општества. Му посакувам брзо закрепнување“, напиша Мицотакис на Твитер, пренесе „Катимерини“. Фицо …

Мицотакис за обидот за атентат врз Фицо: Грозоморно – ваквите акти на насилство немаат место во нашите општества Read More »

Во албанското МЕНР повикан српскиот амбасадор во врска со изјавата на вицепремиерот Вулин

Амбасадорот на Република Србија, во Тирана, Слободан Вукчевиќ, вчера беше повикан во Министерството за Европа и надворешни работи, каде од него беа побарани појаснувања во врска со изјавите што ги даде српскиот вицепремиер Александар Вулин кои се однесуваат на посетата на премиерот Еди Рама и средбата со албанската дијаспора во Грција, јави АТА. Во соопштението …

Во албанското МЕНР повикан српскиот амбасадор во врска со изјавата на вицепремиерот Вулин Read More »

Почина и мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Во Злот денеска починала Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ, неофицијално дознава порталот Нова.рс. Како што пишуваат спрските медиуми таа ненадејно починала во соседството. Таа пред два дена за српски Блиц изјави дека пред нејзината капија нема дежурна полициска патрола, но дека никој од семејството не и отвора …

Почина и мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ Read More »

Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени

Косовскиот премиер, Албин Курти уште еднаш ја изрази подготвеноста на неговата партија, Движење самоопределување, да оди на вонредни избори, јави дописникот на МИА од Приштина. Во обраќање пред новинарите на свеченото отворање на 23-тото издание на меѓународниот саем ЕКСПОКОС, Курти ѝ порача на опозицијата да биде подготвена за таков процес, во спротивно рече дека ќе …

Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени Read More »

Ердоган тврди дека знае кој стои зад тврдењата за заговор против Владата

Знаеме кој стои зад тврдењата за заговор против Владата. Ова денеска го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој зборуваше на состанокот на парламентарната група на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), пренесоа турските медиуми. Претседателот на турската Партија за националистичка акција (ПНД), Девлет Бахчели, претходно оваа недела најави можна подготовка на нов …

Ердоган тврди дека знае кој стои зад тврдењата за заговор против Владата Read More »

Хорор во БиХ: Маж си ја убил сопругата, а потоа и себеси

Безживотни тела на маж и жена биле пронајдени вчера попладне во куќа во Фоча, Босна и Херцеговина, пишува Кликс.ба. Според првите информации, мажот ја убил сопругата, а потоа и себеси, потврдија за локалното Радио Фоча. Оттаму додаваат дека на телата има прострелни рани, а денеска треба да се изврши обдукција.

ВИДЕО: Драма во Драч, татко ги држел малолетните деца како заложници, пукал од станот со калашников

Полицијата во Драч заедно со специјалната единица разреши заложничка драма во која како заложницi од страна на татко биле држени две малолетни деца, додека тој пукал со огнено оружје надвор од станот . По неколкучасовни преговори во станот влегла специјалната единица РЕНЕА и ги ослободила децата, а мажот е уапсен. Рано утрово околу 02.20 часот …

ВИДЕО: Драма во Драч, татко ги држел малолетните деца како заложници, пукал од станот со калашников Read More »

Мицотакис вели дека „секогаш се стреми“ на добри односи со Турција

Секогаш се стремиме кон добри односи со нашиот сосед. Но, како што добро знаете дека Грција не отстапува од своите цврсти позиции и секогаш самоуверено ќе го брани својот национален суверенитет и суверените права, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот. Говорејќи пред граѓаните во …

Мицотакис вели дека „секогаш се стреми“ на добри односи со Турција Read More »

ВИДЕО | Голем пожар на пристаништето во Медулин, изгореа најмалку триесет јахти

Најмалку 30 јахти изгореа во голем пожар што избувна во пристаништето во Медулин на хрватското крајбрежје, јави хрватската национална телевизија ХРТ, повикувајќи се на информации од полицијата во Истра. Полицијата добила дојава за пожар во пристаништето утрово во 03:55 часот. Досега изгореа 30 пловила, а неколку од нив потонаа. Пожарот се уште беснее, се слушаат …

ВИДЕО | Голем пожар на пристаништето во Медулин, изгореа најмалку триесет јахти Read More »