Ерменскиот премиер го обвини Азербејџан дека сака „тотална војна“ со неговата земја

Ерменскиот премиер Никол Пашињан денеска изјави дека Азербејџан сака „тотална војна“ со Ерменија, два дена по новите судири на границата меѓу двете кавкаски земји. – Нашите анализи покажуваат дека Азербејџан сака да преземе воени дејствија во некои погранични области со цел воена ескалација што ќе се претвори во тотална војна против Ерменија, рече Пашињан на …

Ерменскиот премиер го обвини Азербејџан дека сака „тотална војна“ со неговата земја Read More »

Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје. – Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос. Тоа е патот на љубов, на добрина, на …

Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден Read More »

Владина делегација присуствуваше на свечената Велигденска литургија во соборниот храм Св. „Климент Охридски”

Владина делегација, составена од заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, денеска присуствуваше на свечената литургија по повод најголемиот православен празник Христово Воскресение – Велигден, во соборниот храм Св. „Климент Охридски” во Скопје. Со свечената Велигденска …

Владина делегација присуствуваше на свечената Велигденска литургија во соборниот храм Св. „Климент Охридски” Read More »

Грковска: Посакувам мудрост во сѐ што зборуваме и сѐ што правиме за доброто на сите

Мир, спокој, слога и разбирање помеѓу сите, меѓу другото посака денеска, заменичката на владиниот претседател, задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска по повод празникот Велигден. – Честитки од срце за овој голем христијански празник. Посакувам мир во душите, спокој во семејствата, слога, разбирање меѓу сите. Мудрост во сѐ што зборуваме и сѐ што …

Грковска: Посакувам мудрост во сѐ што зборуваме и сѐ што правиме за доброто на сите Read More »

Костадиновска-Стојчевска: Велигден нѐ обединува околу вистинските вредности за подобра иднина и напредок

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита големиот христијански празник Велигден на сите сограѓани кои денес го празнуват Христовото воскресение. -„Христос Воскресе! Честит и вековит нека ни е најголемиот христијански празник Велигден. На сите сограѓани кои денес го празнувате Христовото воскресение ви посакувам семејна хармонија, здравје, среќа, благодостојба и духовен мир. Велигден е празник кој …

Костадиновска-Стојчевска: Велигден нѐ обединува околу вистинските вредности за подобра иднина и напредок Read More »

Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до православните верници. -Честит и вековит нека ни е денешниот најголем христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На сите кои го празнуваат денешниот празник им посакувам здравје, радост и благосостојба во домовите. Повикувам на хармонија и …

Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех Read More »

Предизборно ,,чудо” – мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Во предизборниот период мостот Беласица е целосно пуштен за сообраќај и покрај едногодишните натегања меѓу ЕСМ и Град Скопје кој треба да ја заврши таа работа, објави Телма. Последно Град Скопје соопшти дека се чека ЕСМ да ги постави цевките за да може по Беласица да се вози во двете ленти. Но, и без цевките …

Предизборно ,,чудо” – мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај Read More »

Земјотрес ноќеска регистриран во Скопје

Земјотрес со јачина од 1,9 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 01:39 часот во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од Скопското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава информира дека земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и дека е почуствуван од населението во Скопје и околината.

Во Скопје денеска посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот …

Во Скопје денеска посебен сообраќаен режим Read More »

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ …

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје Read More »

Работно време на паркиралиштата на ЈП ПОЦ за Велигденските празници

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Утре, во недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Од ЈП ПОЦ појаснуваат дека согласно програмата за неработни денови за 2024 година на Министерството за …

Работно време на паркиралиштата на ЈП ПОЦ за Велигденските празници Read More »

Албанскиот театар во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски

Албанскиот театар од Скопје на покана од Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија, во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски. -Духот од Горан Стефановски во неговиот текст, неговата модерност и актуелност на вистински начин ја почувствува тиранската публика во театарот АРТурбина, благодарение на маестралната игра …

Албанскиот театар во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски Read More »

Денеска се навршуваат 44 години од смртта на Јосип Броз Тито

На денешен ден пред 44 години во Љубљана почина Јосип Броз Тито, доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Јосип Броз Тито несомнено беше една од најмаркантните личности на 20 век, не само на Балканот туку и низ земјите од двете страни на Железната завеса. Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 …

Денеска се навршуваат 44 години од смртта на Јосип Броз Тито Read More »

Српските телевизии ја прекинаа програмата во сеќавање на жртвите од Рибникар, Дубона и Мало Орашје

Сите телевизии во Србија ја прекинаа програмата вечерва во 22 часот и 41 минута во знак на сеќавање на жртвите во масакрите во селата Дубона и Мало Орашје, како и на жртвите во училиштето Владислав Рибникар. Во 22 часот и 41 минута на 4 мај 2023 почна трагедијата во Дубона и Мало Орашје. Помина една …

Српските телевизии ја прекинаа програмата во сеќавање на жртвите од Рибникар, Дубона и Мало Орашје Read More »

Уапсен Агим Красниќи во Косово

Во Косово во Урошевац уапсени се тројца државјани на Македонија од кои еден баран со потерница. Телма објави дека се работи за Бесим Красниќи, Агим Красниќи и Сеад Рамадани Цапи, кои се сега во притвор. На сајтот на македонското МВР до фотографијата на Красниќи пишува и дека тој зад решетки треба да помине уште три …

Уапсен Агим Красниќи во Косово Read More »

Претепан кандидат од партијата на Шолц додека лепел плакати, ќе биде опериран

Кандидатот на СПД на изборите за Европскиот Парламент Матиас Еке е претепан и тешко повреден. Тој бил нападнат додека лепел плакати во Дрезден, Германија. Кандидатот е од истата политичка партија од која е Шолц. Од партијата велат дека е пренесен во болница и ќе му биде направена операција поради сериозноста на повредите. Полицијата соопшти дека …

Претепан кандидат од партијата на Шолц додека лепел плакати, ќе биде опериран Read More »

Возач загинал откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа

Возач загина синоќа откако со неговото возило удри во надворешната капија на Белата куќа, а случајот се истражува како сообраќајна несреќа и немало закана за резиденцијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, соопштија властите. Возачот бил пронајден мртов во возилото кое удрило во надворешната капија на Белата куќа, соопшти американската тајна служба. Полициската управа на Вашингтон …

Возач загинал откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа Read More »

Семејствата на заложниците го повикуваат Нетанјаху да обезбеди договор за примирје

Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица денеска на Денот на сеќавањето на Холокаустот, апелираше до премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху „да го игнорира целиот политички притисок“ и да се потсети на ветувањето „никогаш повеќе “ и да обезбеди договор за ослободување на Израелците земени како заложници во Газа. Од Форумот сметаат дека сега …

Семејствата на заложниците го повикуваат Нетанјаху да обезбеди договор за примирје Read More »

Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место

Францускиот бизнисмен Бернар Арно, кој има контролен пакет акции во холдингот „LVMH“, водечки светски производител на луксузна облека, е на првото место на ранг листата на најбогати луѓе во светот. Според објавената листа на милијардери на Блумберг, богатството на Арно изнесува 215 милијарди долари и од почетокот на годината е зголемено за седум милијарди долари. …

Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место Read More »

Унгарија е подготвена за претседавање со ЕУ, тврди унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања

Унгарија е подготвена да го преземе претседавањето со Европската унија на 1 јули, изјави денеска унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања, Пал Барна Жигмонд. Во објава на Фејсбук, тој истакна дека во сегашното политичко и економско опкружување, претседавањето со ЕУ ќе биде „возбудлив предизвик“, пренесува МТИ. Жигмонд го цитираше претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој …

Унгарија е подготвена за претседавање со ЕУ, тврди унгарскиот заменик-министер за ЕУ ​​прашања Read More »

Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам

Австралиската полиција соопшти денеска дека 16-годишен тинејџер бил убиен во интервенција на полициските службеници, откако доцна синоќа избодел со нож маж во Перт, главниот град на Западна Австралија. Има сомневање дека 16-годишникот, вооружен со кујнски нож, бил радикализиран преку Интернет, а нападот укажува на тероризам, соопштија локалните власти. „Нападот во предградието Вилетон имаше знаци на …

Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам Read More »

Двапати неделно ќе има летови од Скопје до Рига со Ер Балтик

Националниот превозник на Латвија Ер Балтик, двапати неделно ќе лета на линијата Скопје до Рига за време на летната сезона, се до 30 септември. Цената на летовите почнува од 89 евра во еден правец, според тоа што е наведено на сајтот на компанијата. За време на летната сезона ќе има летови и до останати локации, …

Двапати неделно ќе има летови од Скопје до Рига со Ер Балтик Read More »

Поради трговскиот бојкот на Турција, Израел поднесе жалба до ОЕЦД

Израелската влада поднесе жалба против Турција до Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) откако Анкара привремено ја прекина трговијата со Израел поради војната во Газа. Израелскиот министер за економија Нир Баркат во објава на Х го нарече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган „антисемитски диктатор“ кој го прекршува меѓународното поморско право и ги нарушува глобалните …

Поради трговскиот бојкот на Турција, Израел поднесе жалба до ОЕЦД Read More »

Светските цени на храната растат втор месец по ред

Светските цени на храната пораснаа втор месец по ред во април, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Во април е забележан благ месечен пораст на цените на месото, растителните масла и житариците, што повеќе од го компензира падот на цените на млечните производи и шеќерот. Светскиот индекс на цените на …

Светските цени на храната растат втор месец по ред Read More »

Стопанска комора: Нa компаниите им требаат предвидливи и пазарни услови за работење

Осигурителните компании кои се членки на Групацијата на осигурувањето и на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија соопштуваат дека се изненадени што Комисијата за автомобилска одговорност при Министерството за финансии донела избрзана, непазарна и еднострана одлука без да ги земе во предвид аргументите на сите засегнати страни во осигурителната индустрија. Од …

Стопанска комора: Нa компаниите им требаат предвидливи и пазарни услови за работење Read More »

„Лада“ руши рекорди во продажба

Продажбата на автомобили „Лада“ во Русија во април пораснала за речиси 65 отсто во однос на претходната година и достигнала 45.600 модели, со што го урна месечниот рекорд на марката во последните 12 години, се вели во соопштението на рускиот производител на автомобили „АвтоВАЗ“. За четири месеци од годинава „Лада“ продала 137.100 автомобили, што е …

„Лада“ руши рекорди во продажба Read More »

Албанскиот театар во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски

Албанскиот театар од Скопје на покана од Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија, во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски. -Духот од Горан Стефановски во неговиот текст, неговата модерност и актуелност на вистински начин ја почувствува тиранската публика во театарот АРТурбина, благодарение на маестралната игра …

Албанскиот театар во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски Read More »

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Во Собранието на Северна Македонија попладнево беше доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во интерес на државата во областа на науката. Добитници се професор доктор Роберт Хадсон и професор доктор Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“, како и доктор Ана …

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката Read More »

Почина Пол Остер, авторот на „Њујоршката трилогија“

Наградуваниот американски романсиер и сценарист Пол Остер почина од компликации предизвикани од ракот на белите дробови во својот дом во Бруклин во вторникот вечерта на 77-годишна возраст, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на пријателот и писател Џеки Лајден. Писателот роден во Њу Џерси е познат по низата признаени дела, од кои „Њујоршката трилогија“, „Левијатан“, „Сансет …

Почина Пол Остер, авторот на „Њујоршката трилогија“ Read More »

Распишани конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Министерството за култура распиша конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година. Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на државата. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и …

Распишани конкурси за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ Read More »

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“

На 27 април е третата и последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“. Во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ со почеток во 21 часот со концертен настап ќе се претстават „Macedonian Free Society“. Потребата за нов-креативен, (о)слободен, инспиративен, а во исто време предизвикувачи израз, како соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја …

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ Read More »