Адеми: Се прави обид на Европскиот фронт да му се одземат два пратенички мандати

Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ денеска соопшти дека со поднесени приговори до ДИК од други политички партии за нерегуларности на избирачки места во изборните единици 5 и 6 се прави обид да им се одземат два пратенички мандата. Шефот на изборниот штаб на Европски фронт, Арбер Адеми на прес-конференција попладнево рече дека „постојат сериозни …

Адеми: Се прави обид на Европскиот фронт да му се одземат два пратенички мандати Read More »

Средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“: Работни групи ќе преговараат за евентуална идна коалиција

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“, на која, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ  се договорени општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.  Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое …

Средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“: Работни групи ќе преговараат за евентуална идна коалиција Read More »

Сиљановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието

Новоизбраната претседателка на државата Гордана Сиљановска-Давкова утре напладне ќе даде свечена изјава на инаугуративна седница во Собранието, согласно со член 81 став 9 од Уставот на Република Северна Македонија. Седницата е закажана откако Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница објави конечност на резултатите за Претседателските избори, одржани на 24 април и 8 мај, и …

Сиљановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието Read More »

Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

Во Струмица денеска се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која на Градакиот плоштад беше донесена од храмот „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, каде вчера беше пренесена од манастирската црква „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“. Пред поголем број верници и граѓани се одржа молебен, а во присуство на Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф …

Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка Read More »

Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието за Сиљановска-Давкова се формално финале на изборите

Гордана Сиљановска-Давкова до добивањето на Уверението за избор на претседател на државата од Државната изборна комисија, во изјава за МИА кажа дека до членовите на ДИК ги пренела заклучоците од набљудувачката мисија и Парламентарното Собрание на ОБСЕ, упатувајќи благодарност за успешното спроведување на изборите. – Уверението секогаш претходи на прогласувањето што ќе се случи утре …

Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието за Сиљановска-Давкова се формално финале на изборите Read More »

Во наредните денови нѐ чека променливо време со повремен дожд

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени, соопшти УХМР. Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 5 до 12, а максималната дневна ќе достигне …

Во наредните денови нѐ чека променливо време со повремен дожд Read More »

Сиљановска-Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата

Државната изборна комисија (ДИК) денеска издаде Уверение за избран Претседател на Република Северна Македонија, на Гордана Сиљановска Давкова, откако на седница ги објави конечните резултати од Претседателски избори одржани на 24 април и 8 мај годинава. Уверението на Сиљановска Давкова и го врачи претседателот на ДИК Александар Даштевски и во име на Комисијата посака успешен …

Сиљановска-Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата Read More »

Мицотакис вели дека новата македонска влада мора да го почитува Преспанскиот договор

Се надевам дека оние работи што се слушнаа предизборно, нема постизборно да бидат официјална позиција на новата Влада на Северна Македонија, бидејќи ако се случи ова, ќе имаме проблеми, истакна премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис во интервјуто за грчката телевизија Алфа. Мицотакис објасни дека и тој како опозиција не се согласуваше со Договорот од Преспа, …

Мицотакис вели дека новата македонска влада мора да го почитува Преспанскиот договор Read More »

На 112 изминатото деноноќие имало 1951 повик, велат од ЦУК

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена информација за падната возрасна жена во стрмен засек покрај пат, откако се лизнала при движење по земјениот пат од Неготино кон село Тимјаник, соопшти денеска ЦУК. По пријавата, веднаш биле известени полицајците од ПС Неготино и пожарникарите од …

На 112 изминатото деноноќие имало 1951 повик, велат од ЦУК Read More »

Македонија и официјално ја доби првата жена претседател

За Претседател на Република Северна Македонија е избрана Гордана Сиљановска Давкова, со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, односно 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 251.899, констатираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски на седницата на ДИК, објавувајќи ја конечноста на резултатите од гласањето за Претседателките избори од 8 мај. Записникот …

Македонија и официјално ја доби првата жена претседател Read More »