Фото: Царинска управа

Царина заплени рачни часовници во вредност од 240 илјади денари на Аеродромот во Скопје

На Меѓународниот аеродром во Скопје вчера се запленети осум рачни часовници во вредност од 240.862 денари. Часовниците се откриени кај македонски државјанин кој слетал од Австралија.

– Патникот се определил за зелен канал каде што поминуваат патниците кои немаат ништо за пријавување. На прашањето дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување, но при царинска контрола во багажот на патникот биле пронајдени непријавените часовници: еден рачен часовник „Радо“ и седум рачни часовници „Елит“ – соопштија денеска од Царинската управа.

Против патникот е поднесена прекршочна пријава за непочитување на царинската регулатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот