фото: RK Alkaloid@facebook

Бужон: Алкалоид е многу добар тим, многу сериозно ја гледавме целата нивна сезона

В недела од 18.00 часот во Атина, Грција, ќе се игра првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп помеѓу АЕК и Алкалоид.

Пласманот во финалето на Алкалоид во европското клупско натпреварување е голем успех за клубот, но и за целиот македонски ракомет.

Тренерот Кирил Лазаров пред финалето вели дека против АЕК ќе биде тешко, но не и невозможно.

Неговиот колега на спротивната страна, францускиот стратег Фредерик Бужон го почитува тимот од Автокоманда:

– Никогаш не зборувам за противниците. Алкалоид е многу добар тим, ја гледавме целата нивна сезона многу, многу сериозно. Имаме 18 играчи подготвени за игра. Ако нашиот тим е добро формиран, ќе можеме да постигнеме гол на секоја позиција. Нашите навивачи се неверојатни, тие ќе играат клучна улога во првиот натпревар. Не се сомневам во тоа. Потоа ќе мора да се спротивставиме на атмосферата во Скопје, но чекор по чекор – вели Бужон во интевјуто за Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот