Бунт на Холанѓаните: Коронавирусот сее страв низ светот, а Федерацијата сака да се игра фудбал

Холандската фудбалска федерација ги извести сите екипи од Ередивизијата да почнат да се подготвуваат за продолжување на сезоната и го одреди стартот на идното коло, 19. јуни.

Главен услов за да продолжи првенството е холандската Влада да даде зелено светло, но фудбалските екипи се против фиксниот датум во време кога во државата има 19.500 заразени и преку 2.000 полинати лица од короновирусот.

Главни бунтовници се гигантите Ајакс, ПСВ Ајндховен и АЗ Алкмар кои го кренаа гласот против оваа идеја на видео состанокот со Холандската федерација.

Останатите 8-9 кола според планот на Федерацијата е да се одиграат помеѓу 19 јуни и 31 јули, а во наредната сезона која би започнала кон крајот на август нема да има пауза за време на божиќните и новогодишните празници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот