фото: Медиапул.бг

Бугарски медиуми: Мицкоски свесно ги блокира евроинтеграциите

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски намерно ја блокира европската интеграција на Северна Македонија за внатрешно-политички, а не е исклучено и надворешно-политички цели, бидејќи се обидува да ја означи Бугарија како непријател број 1 на неговата земја, пишува „Медиапул.бг“.

Медиумот наведува дека ден пред тоа Мицкоски рекол дека е подготвен да преговара со Бугарија за да ја укине „десетгодишната блокада“ и продолжил да ги доведува во заблуда македонските граѓани дека може да постигне подобри услови за влез на земјата во ЕУ.

„Скопје сака да започне вистински преговори за членство во ЕУ, но тоа не може да се случи додека Бугарите не бидат вклучени во Уставот на земјата. Ова барање беше вклучено во преговарачката рамка на страните, бидејќи на овој начин Бугарија успеа да ги доведе прашањата на европско ниво“, стои во авторскиот коментар на медиумот.

Мицкоски очекува редовна влада во Софија, за да може да ги почне преговорите, иако бугарските власти не пропуштија да споменат дека т.н. Францускиот предлог од 2022 година, е производ на договорот меѓу 27-те земји членки на ЕК и Северна Македонија.

„Но, императив е Мицкоски да започне дијалог со Бугарија во име на добрососедството, што е древна европска вредност. Наместо тоа, тој не престанува да зборува за осудениот и неработен договор за добрососедство од 2017 година, за замена на неработната комисија за спорни историски прашања, па дури и за откажување на изградбата на транспортниот коридор бр.8, кој треба да го поврзе италијанското пристаниште Бари и албанското Дурјос со Скопје, Софија и Црното Море“, пишува „Медииапул.бг“.

Според наведеното, „слична кампања може да му донесе бенефит на домашно политичко поле, но секако не ѝ помага на неговата земја да тргне кон ЕК“ и се додава дека истовремено, „блокираната интеграција создава антиевропски чувства во неговата земја, кои лесно се искористуваат од трети страни“.

„Убеден сум дека на нашиот источен сосед, ако гледа и на сопствениот интерес, ќе му биде јасно дека за нас треба да започне процесот на преговори, доколку сака да биде целина од Балканот, кој ќе биде дел од Европската Унија. Убеден сум, таму (во Бугарија) има политичари кои сакаат да го видат ова“, ја цитираат изјавата на Мицкоски.

Во коментарот стои и дека „несомнено најголемиот национален интерес на Бугарија е Северна Македонија да стане членка на ЕУ, но тоа е далеку од тоа да го признаат сите политичари и во Бугарија. И сè помалку ќе го препознаваат, додека Мицкоски го оправдува немањето реформи и напредок со Бугарија“.

Скопје и Софија повторно ги острат забите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот