Бугарите бараат да се ограничи увозот на јајца од Украина

Јајца / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Многу Бугари ги избираат јајцата според цената, а не според потеклото. Бугарските земјоделски производители редовно се жалат на конкуренцијата на увезената стока, а живинарите долги години се меѓу најнезадоволните.

Порано главно мета беа евтините полски јајца, сега главна мета се украинските јајца. Впрочем, од Романија и од Литванија доаѓаат доста јајца – тоа лесно се гледа по ознаките на лушпите, каде бугарските се означени со БГ, а увезените – со РО, УА итн. според земјата на производство.

Непосредно пред Советот на ЕУ за земјоделство во Брисел, свикан на 27 мај, бугарските живинарски фарми повторно го кренаа својот глас против конкуренцијата и побараа забрана за увоз на украински јајца.

Ресорниот министер Георги Тахов замина на средба со колегите од ЕУ со „апел“ – да се активираат европските мерки за заштита на бугарските земјоделски производители поради „интензивниот увоз на свежи пилешки јајца од Украина од почетокот на годинава“, пишува „Сега.бг.њус“.

Конкуренцијата значи дека потрошувачите имаат избор помеѓу различни цени, квалитет, потекло, рок на употреба.Традиционално, кампањите против „опасниот“ увоз се најгласни околу Велигден. Неодамна Здружението на индустриска живина алармираше дека во бугарските живинарски фарми се заменуваат документи и етикети на храна од увоз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот