Христијан Мицкоски / Фото: Влада на РСМ

Бугарија има шанса да докаже дека единственото барање е внесувањето на Бугарите во Уставот, вели Мицкоски е

Бугарија да покаже добра волја – да ги примени пресудите од Стразбур и да ја регистрира ОМО Илинден Пирин, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека неговата покана до Бугарија за заедничка резолуција во Европскиот парламент со која ќе се потврди посебноста на македонскиот јазик и идентитет, е одговор на темата којашто ја отворил бугарскиот претседател Румен Радев – дека за Македонија повеќе немало услови, само уставните измени – вклучување на Бугарите во Уставот.

Според Мицкоски, Бугарија сега има шанса да докаже дека внесувањето на Бугарите во Уставот е единственото барање.

„Затоа јас реков добро, ако е само тој услов, еве пред да дојдеме до тој услов да го исполниме, заеднички, преку бугарскиоте европратеници да предложиме резолуција со којашто заедно како соседи ќе го потврдиме македонскиот посебен идентитет, македонскиот посебен јазик, а потоа во знак на добра волја, бугарската држава да ги примени пресудите од Стразбур коишто се однесуваат на човековите права, а им се ускратени на Македонците во Бугарија, да ја регистрира ОМО Илинден ПИРИН, со цел тие да можат да предложат свој претставник во министерскиот совет за заштита на малцинските права во Бугарија“, рече Мицкоски.

Според него, на овој начин ќе покажеме дека сме добри соседи што всушност е дел од договорот за добрососедство кој, како што рече, го потпишаа Заев и Борисов во 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот