Буфон: Во животот најмногу се срамам што купив диплома за средно училиште

Фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Легендарниот Џанлуџи Буфон се смета за вистинска фудбалска легенда и еден од најголемите голмани на сите времиња, но како и ниту еден друг човек и тој не е совршен.

Сега Буфон ја изненади фудбалската јавност со признавањето за измамата која ја направил неговата младост. Имено, славниот италијански голман на само 18 години беше ѕвезда на италијанскиот фудбал, па за училиштето немал многу време.

Во таква ситуација Буфон се одлучил да плати за да добие диплома. Денес признава дека тоа е работа на која воопшто не е горд.

„Направив многу грешки како млад. Најмногу се срамам што купив диплома за завршено средно училиште. Никогаш тоа повторно не ги направил бидјеќи не е чесно. Не сакам да прескокнувам скалила до успехот. Не сум совршен и токму затоа мислам дека сум близок со луѓето“, изјави Буфон.

Буфон во кариерата беше светски шампион со Италија и освои многу титули со Јувентус, а го чуваше голот уште на Парма и ПСЖ. Блескавата голманска кариера ја заврши на 1. август минутата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот