
„Брза помош“ кога сте многу гладни: Три заситувачки салати што ќе ги подготвите за час!
Чувството на глад за никого не е пријатно, а особено кога треба да готвите оброк еден час или повеќе. Имено, обично се подразбира дека квалитетен оброк бара малку повеќе внимание.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Можно е да се храниме и здраво и урамнотежено без да трошиме премногу време за подготвување оброци. Затоа ви пренесуваме три совршени рецепти – салати полни со витамини, кои брзо и лесно се подготвуваат и ќе го задоволат најпребирливото непце.
Салата од тестенини со ореви (за 4 лица)
Сварете 400 грама тестенини според упатството на пакувањето и потоа исцедете ги. Излупете 1 морков, 1 црвена пиперка, ½ стебло праз и ¼ краставица. Измијте ги и исечете ги на стапчиња. Потоа измешајте 200 грама пченка (конзервирана), 50 грама сечкани ореви, 200 грама мелено свежо козјо сирење, зеленчук, тестенини, 5 лажици масло, 4 лажици оцет и сол.
Салата од компири со рукола (за 4 лица)
Измијте 1 кг помали компири и варете ги во солена вода околу 20 минути. За преливот измешајте 2 лажички рендана кора од лимон, 5 лажици сок од лимон и маслиново масло, сол, бибер по вкус и 100 мл супа од зеленчук. Излупете ја кората и измешајте ги со преливот додека е уште топол. Оставете ја салатата да отстои околу 1 час. Исчистете, измијте и исечкајте 1 зелена, жолта и црвена пиперка. Измијте ги и преполовете 500 грама мини домати. Исчистете 2 снопчиња рукола, измијте ги, протресете ги и искинете ги на поголеми парчиња. Измешајте ги сите состојки.
Пилешка салата „Азија“ (за 4 лица)
Излупете 150 грама моркови и 1 парче корен од ѓумбир, па исечете ги на ленти или исечкајте ги. Потоа измијте 150 грама свежи никулци од грав. Морковите, ѓумбирот и никулците бланширајте ги во врела вода околу 2 минути, извадете ги од цедалка да се исцедат и зачувајте ја течноста. Измијте 400 грама пилешко филе, исушете го и варете околу 15 минути во течноста за бланширање. Извадете го месото и оставете да се излади.
За сосот, пржете 2 лажици кари во 2 лажици масло, измешајте 200 мл кокосово млеко и оставете да зоврие. Вмешајте една лажица путер од кикирики и зачинете го сосот со 2 лажици сок од лимон и 2 лажици кафеав шеќер. Гответе околу 15 минути. Месото исечкајте го на стапчиња, измешајте го со зеленчук и 2 лажици сусам и на крај посолете и побиберете. По желба додајте неколку листови коријандер и измешајте го сосот од кикиритки непосредно пред сервирање. К. А.