Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД)

Бронзен медал за Македонија на Европската олимпијада по информатика за девојки

Македонија освои бронзен медал на Европската олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД), која од 14 до 20 јули се одржува во Бон, Германија. Сара Стефановска од Крива Паланка го освои медалот на ова престижно натпреварување, а нејзината колешка Антонела Владева од Свети Николе доби олимписка пофалница.

Македонскиот тим го сочинуваа и Елена Трифуноска од Тетово и Јагода Панова од Струмица. Ова е трет бронзен медал по ред за македонските ученички на оваа олимпијада и вкупно осми од вкупно пет учества – досега освоиле 1 сребрен и 7 бронзени медали.

Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД)

Тимот беше предводен од д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од ФИНКИ. Учениците се селектираат преку циклусот натпревари што се организираат на платформата mendo.mk.

ЕОИД е европски натпревар посветен на средношколки заинтересирани за компјутерски науки и има за цел да ја поттикне родовата еднаквост и женското учество во оваа област. Оваа година учествуваа 138 натпреварувачки од 38 европски држави, како и 85 девојки од 22 земји надвор од Европа, меѓу кои САД, Канада, Индија и Египет.

Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД)

Следната ЕОИД ќе се одржи во 2026 година во Италија, а на македонскиот информатички тим му претстои и учество на Интернационалната олимпијада по информатика, што ќе се одржи од 27 јули до 3 август во Сукре, Боливија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот