Бритни Спирс и Сем Асгари / Фото: EPA / Instagram

Бритни Спирс се разведе! Пејачката официјалнo стана слободна на нејзиниот 43. роденден

Бритни Спирс денеска го слави својот 43. роденден, а покрај тоа и бележи уште една промена во нејзиниот живот.

Имено, поп-пејачката од денеска е официјално слободна, седум месеци откако започна процесот за развод од Сем Асгари. Според новите документи до кои дојде „ТМЗ“, разводот на Бритни со Сем Асгари e финализиран денеска, на 2 декември.

Сем Асгари, кој беше и личен тренер на Бритни Спирс, поднесе барање за развод во август 2023 година, а од бракот си отиде со празни џебови затоа што потпиша „железен“ предбрачен договор во корист на пејачката.

Спирс и Асгари се запознаа на снимањето на нејзиниот спот „Slumber Party“ во октомври 2016 година, а се верија во септември 2021 година. Откако судијата во Лос Анџелес стави крај на тринаесетгодишниот надзор врз Спирс, во ноември 2021 година пејачката се омажи во нејзиниот дом во јуни 2022 година пред познатите гости, меѓу кои беа Мадона, Парис Хилтон, Дру Баримор и Селена Гомез.

Инаку, Асгари беше трет сопруг на познатата пејачка. Спирс стапна на лудиот камен двапати претходно, кога неславно побегна со нејзиниот пријател од детството Џејсон Александар во јануари 2004 година за време на пијана ноќ во Лас Вегас, за да го поништи бракот 55 часа подоцна. Спирс повторно кажа „да“ на поранешниот резервен танчер од нејзината придружба – Кевин Федерлајн, по бурна романса. Од бракот тие ги добија двата сина, Шон Престон и Џејден Џејмс, пред да се разведат во јули 2007 година.

Бритни Спирс конечно трезна: „Не се дрогира, не ја интересираат мажи, ужива со синовите и планира да стане милијардерка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот