
Британски новинар најавува шокантна книга за Меган Маркл: Дознав неверојатни работи за неа
Очигледно принцот Хари не е единствениот што објавил книга со информации поврзани за членовите на британското кралско семејство. Имено, британскиот истражувачки новинар, биограф и писател Том Бауер вели дека неговата книга за Меган Маркл содржи „извонредни информации“, неодамна објави „Daily Mail“.
Препорачано
Бауер истакнал дека завршил со пишувањето на книгата и дека таа би можела да биде објавена уште оваа есен.
„Дознав работи за неа кои се навистина неверојатни. Мислам дека перцепцијата на јавноста за неа или ќе се потврди или ќе се влоши, но во секој случај ќе биде големо изненадување“, изјавил Бауер.

Нему му било навистина тешко да добие информации, бидејќи како што вели, луѓето прилично не сакале да зборуваат, а Меган и нејзините адвокати направиле сè што е во нивна моќ за да го саботираат пишувањето на книгата.
„Тоа е одлична приказна. Тоа е неверојатна приказна за една жена која се појави од нигде никаде и сега е светска личност и која гази сè што ќе ѝ застане на патот, што е карактеристика на многу политичари и тајкуни“, додава Бауер, кој веќе напишани неавторизирани биографии на медиумскиот тајкун Роберт Максвел, претприемачот Мохамед Ал-Фајед, Ричард Бренсон и политичарот Џереми Корбин.

Кралскиот експерт Нил Шон вели дека Меган е загрижена поради објавувањето на ова книга.
„Според информации од многу добри извори, Меган е загрижена дека оваа книга може да ѝ го наруши имиџот. Таа е загрижена за тоа кој разговарал со Бауер и се прашува, како што истакна нејзиниот тим, колку всушност се точни овие тврдења. Во секој случај, многу повеќе луѓе веруваат ќе ја дознаат вистината од неговата книга отколку од мемоарите на принцот Хари“, истакна Шон.