Британската влада сѐ уште одбива да го објави извештајот за мешањето на Русија во изборите

Британската влада повторно одби да го објави извештајот за можното мешање на Русија во изборите во таа земја, со образложение дека на владата на Борис Џонсон ѝ треба уште време за да го разгледа документот.

Извештајот на Одборот за разунавачки и безбедносни прашања е испратен на премиерот на 17 октомври, но за да биде објавен за јавноста, неопходно е владата да го одобри тоа.

„АП“ наведува дека доколку извештајот не биде објавен до утре наутро, кога се распушта парламентот, истиот нема да биде достапен за јавноста пред одржувањето на изборите во декември.

Пратениците од повеќе партии, вклучувајќи ги конзервативците на Џонсон, ја повикаа владата да го објави извештајот за време на дебатата во Долниот дом на парламентот, но Кристофер Пинчер од Министерството за надворешните работи рече дека не е невообичаено подолго да трае прегледувањето на таквите извештаи, пренесува „Танјуг“.

Пратеничката на опозицијата Емили Торнбери ја обвини владата дека не го објавува извештајот бидејќи тоа би предизвикало прашања за врските меѓу Русија и кампањата за излезот на Велика Британија од Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот