Џенифер Анистон / Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Британец мислел дека се допишува со Џенифер Анистон, па останал без пари: Верувал дека актерката му пишува велејќи дека го сака

Британецот Пол Дејвис откри дека бил сурово измамен за 200 фунти – откако добил порака од лажна Џенифер Анистон, односно од измамници кои создале снимки и фотографии од актерката со помош на вештачка интелигенција, пишува „Дејли мејл“.

Пол Дејвис, 43, од Саутемптон, стана жртва на нов бран измами со вештачка интелигенција откако бил „бомбардиран“ со пораки од лажни профили на познати личности на социјалните мрежи.

Невработен маж кој страда од депресија изјавил дека е „немилосрдна“ цел на видеа генерирани од вештачка интелигенција – вклучувајќи ги и оние со Марк Закерберг, Илон Маск, па дури и ѕвездата од „Пријатели“, Џенифер Анистон.

На тој начин, на Дејвис му била испратена фотографија од она што изгледало како возачка дозвола на Џенифер Анистон, пред таа да му каже дека „го сака“ и да побара пари.


Тој рекол: „Имам лажни видеа од Џенифер Анистон како ми бара 200 фунти и вели дека ме сака“.

За жал, Пол верувал дека пораката е вистинита – и ги испратил парите во форма на неповратни подарочни картички на „Епл“.

Измамата е дел од растечката онлајн закана, каде што напредната технологија на вештачка интелигенција се користи за креирање доста убедливи лажни видеа од познати личности – сите дизајнирани да ги измамат луѓето да се откажат од пари или лични информации.

Порано оваа година, приказната за Французинка по име Ана, која верувала дека е во врска со Бред Пит, ги погоди светските медиуми. Таа му испратила на лажниот актер 830.000 евра и се развела од мажпт поради него.

Мажот кој удри со автомобил во домот на Џенифер Анистон прогласен за ментално неспособен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот