Риши Сунак и Лиз Трас / Фото: / PA Images / Profimedia

Британците добиваат нов премиер – кој ќе го наследи контроверзниот Џонсон?

Во Велика Британија утре ќе биде објавен резултатот од гласањето на членовите на Конзервативната партија за нов партиски лидер. Тоа ќе одреди дали министерката за надворешни работи Лиз Трас или поранешниот министер за финансии и актуелен пратеник, Риши Сунак, ќе го замени Борис Џонсон на премиерската функција.

По три месеци кампања, околу 200.000 членови на Конзервативната партија по пошта гласаа за наследник на контроверзниот Џонсон, кој на 7 јули беше принуден да поднесе оставка по серијата скандали во кои беше вмешан.

Според анкетите, фаворит за лидерското место во партијата и за премиерската функција е Трас.

Утре во 12 часот и 30 минути по локално време ќе бидат објавени резултатите од гласањето за нов лидер на Конзервативната партија.

Во вторник британската кралица Елизабета Втора во замокот Балморал во Шкотска ќе го прими и ќе го именнува новиот лидер на ториевците за премиер на Велика Британија.

Претходно Џонсон ќе се обрати од Даунинг стрит 10, а потоа ќе отпатува за Шкотска да ја поднесе оставката до кралицата. Потоа новиот лидер на Конзервативна партија ќе се сретне со кралицата, која ќе побара да состави нова влада. Новиот лидер на ториевците ќе се врати во Лондон, ќе се обрати и ќе ги објави имињата на министрите во новата британска влада.

Првата седница на новата британската влада ќе биде на 7 септември.

За време на владеењето на кралицата Елизабета Втора, кое трае безмалку 70 години, досега се смениле 14 премиери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот