фото: facebook.com/fcshkendija

Брера, Шкендија, Струга и Вардар обезбедија полуфинале во Купот

Денеска се одиграа четвртфиналните натпревари од Купот на Македонија, фудбалерите на Вардар со 1:0 го совладаа Силекс.

Стрелец на единствениот погодок за „црвено-црните“ го реализираше Донгмо во 68 минута од средбата.

Струга славеше против Гостивар со голот на Кехинде на стартот од второто полувреме (48`).

Со истиот резултат екипата на Шкендија го елиминираше составот на Детонит Плачковица благодарение на голот на Шала во 23 минута. Победата можеше да биде поголема доколку три минути подоцна Адеми беше прецизен од белата точка.

Брера успеа на пенали да слави против Арсими, претходно во регуларните 90 минути беше 1:1. По првиот дел водеше Брера преку Ндзенгуе (16`), а израмнија гостите благодарение на Таипи (78`).

Во пенал серијата Брера беше подобра со 4:3, во редовите на Арсими непрецизни од белата точка беа Бељуљи и Реџепи.

Куп на Македонија
Четвртфинале, резултати:

Брера Струмица – Арсими 1:1 (4:3, пенали)
Детонит Плачковица – Шкендија 0:1
Струга – Гостивар 1:0
Вардар – Силекс 1:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот