БРЕГЗИТ ВЕЌЕ НОСИ ПРОБЛЕМИ: Произведувач од Велика Британија побегна на Балканот

Британскиот произведувач на ветеринарски лекови „Dechra Pharmaceuticals“ ја пренесе сопственоста над сите дозволи собрани во Британија, во нов огранок во Холандија.

Во рамките на подготовките за Брегзит, компанијата ги префрли методите за тестирање на лекови и во нова лабораторија во Загреб, додека сопственоста над дозволите е пренесена во Холандија.

Во 2015 година од компанијата купија 63,3 отсто удел во хрватскиот произведувач на ветеринарски лекови за да влезат на пазарот со вакцини.

Воедно сакаа да го прошират и портфолиото на фармацевтски производи за животни кои се одгледуваат за храна.

Сите методи на аналитичко тестирање на лекови се произведени во погон во еден англиски град, се пренесени на нова лабораторија во Загреб и лаборатија Бладел на југ во Холндија.

„Тоа ќе ни овозможи лековите да ги ставаме во промет во ЕУ во случај Британија и ЕУ меѓусебно да не ги признаат стандардите на квалитетот, што е многу изгледно сценарио“, стои во соопштението на компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот