
Брегалница ремизираше против Кожуф, најубедлив Детонит на стартот од новата сезона во 2МФЛ
Денеска и официјално започна новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Во рамки на воведното коло денеска беа одиграни осум натпревари, на кои беа постигнати вкупно 16 погодоци.
Препорачано
Првиот фаворит сезонава, екипата на штипска Брегалница, не успеа да слави пред својата публика во пресметката со тимот на Кожуф (0:0).
Скопје ја оправда фаворитската улога и на домашен терен славеше минимално против Слога Виница со 1:0. Александар Богданоски во 77 минута го постигна голот за победа на тимот од Автокоманда.
Нерешено беше и во дербито меѓу Охрид Лихнидос и Беласица (1:1). Дерешлиоски во шестата минута донесе предност за гостите, Иван Глигоров обезбеди бод за Охрид во 74 минута.
Најубедлив триумф во ова коло оствари Детонит Плачковица со високи 4:0 против Големо Коњари. Дуков беше двоен стрелец, погодија и Мисердовски и Ристовски.
Амбициозниот тим на Шкендија Арачиново славеше убедлива победа од 3:0 на гостувањето кај Преспа. Александар Ѓорѓиески, Алиу Бурхан и Дарио Десниќ беа стрелци на головите.
Во останатите средби, Каменица Саса и Осогово ремизираа 1:1, Новаци беше подобар од Победа со 2:0, додека Вардар Неготино славеше со ист резултат против Тетекс.
Резултати од 1. коло ВМФЛ:
Брегалница – Кожуф 0:0
Скопје – Слога Виница 1:0
Големо Коњари – Детонит Плачковица 0:4
Каменица Саса – Осогово 1:1
Новаци – Победа 2:0
Охрид Лихнидос – Беласица 1:1
Преспа – Шкендија Арачиново 0:3
Вардар Неготино – Тетекс 2:0