фото: facebook.com/fkbregalnicaofficial

Брегалница им се доближи на водечките Македонија ЃП и Башкими во Втората лига

Денеска во 22 коло од Втората македонска фудбалска лига екипата на Македонија ЃП ремизираше без голови (0:0) на гости против Осогово, а мируваа и мрежите на натпреварот Победа – Башкими.

Брегалница со головите на Попоски во 15 и Чилафи во 57 минута славеше на гостувањето кај Кожуф Гевгелија.

Клубот од Штип по оваа победа се на третото место со 47 бодови, сега само два помалку зад водечките Македонија ЃП и Башкими.

Во другите мечеви: Скопје – Борец 2:1, Новаци – Охрид 2:1, Саса – Беласица 1:2 и Вардар Неготино – Детонит Плачковица 0:0.

Еден меч не го доживеа својот крај, Вардарски – Арсими, истиот беше прекинат при водство на гостите од 2:1 поради лошите временски услови и поплавениот терен.

Од ФК Арсими информираа дека домаќините не можеа да гарантираа услови да се одигра натпреварот и дека истиот ќе продолжи во следниот термин од 46 минута со споменатиот резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот