Фото: INSTAR Images / Profimedia

Бредли Купер менува професија? Актерот отвори ресторан во Њујорк кој на менито нуди само едно јадење

Американскиот актер Бредли Купер, освен глумата, многу ја сака и гастрономијата во која реши и професионално да се испроба во последните денови од оваа година.

Имено, тој го отвори ресторанот „Дени енд Куп“ (Danny&Coop) во Њујорк, а концептот на ресторанот е таков што нуди само едно јадење. Тоа е „фили чизстек“ – сендвич со тенко исечено печено говедско месо, кромид и стопено сирење.

Инаку, зад името на ресторанот стојат две имиња – Дени ДиЏиампиетро и Бредли Купер. ДиЏиампиетро е сопственик и на познатата пицерија „Анџелос“ во Филаделфија. Ова не е нивна прва соработка – тие беа атракција и минатата зима, кога организираа настан во приколка за храна во Њујорк. Тие на улица го подготвија познатиот чизфтек, а собраните пари ги донираа во хуманитарни цели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mike Chau (@mikejchau)

„Стигнав пред ресторанот час и петнаесет минути пред отворањето, на улицата веќе имаше ред. Како и секој друг ресторан на Менхетен, местото е мало и преполно, како да сте во ноќен клуб. Но, луѓето брзо ги добиваа своите нарачки, а Бредли лично ги подготвуваше и ги поздравуваше клиентите“, бил еден од коментарите на социјалните мрежи за сендвичот од 17 долари.

Овој сендвич од Филаделфија е создаден во 1930-тите на уличен киоск, кога браќата Пет и Хари Оливиери, кои продаваа виршли, решија да си играат со тенко исечени стекови и да ги додадат во лепче. Подоцна, во смесата беше додадено и топено сирење, а сендвичот на крајот стана туристичка атракција.

ФОТО | Бредли Купер и Џиџи Хадид страсно се бакнуваат на јахта во Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот