Фото: Принтскрин/Инстаграм

Бразилецот крајот на пандемиските мерки го прослави со отсекување на ушите: Ако не ми треба маска…

Бразилецот Мишел Фаро до Прадо, попознат по прекарот Човечки Сатана, одлучи навистина екстремно да го одбележи олеснувањето на пандемиските мерки.

Имено, тој си ги отсече ушите за да го прослави фактот дека истите тие уши повеќе нема да мора да ја држат маската која во последните неколку години стана една од најупотребуваните секојдневни предмети во светот.


За овој Бразилец ова не е прв радикален потфат на сопственото тело. Тој веќе има бројни тетоважи и пирсови, го оперирал носот и забите, а со следбениците на својот Инстаграм ја сподели и новата корекција. На објава на која е прикажана маската и отсечените уши, тој напиша: „Ако веќе не ми треба едното, тогаш можам да се ослободам и од другото“.


Неговите следбеници на Инстаграм беа доста заинтересирани за најновата трансформација на Прадо, а тој трпеливо одговараше на повеќето прашања.

Така напишал дека веќе ништо не го боли, дека бил анестезиран за време на операцијата и дека нема да има проблем со носење наочари бидејќи наочарите на лицето сепак најмногу се држат за носот. Покрај тоа, напомена дека и покрај тоа што нема уши, сепак се уште добро слуша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот