Илустрација / Фото: Pexels / Raymond Petrik

Брачен пар ја реновирал куќата стара 400 години, па пронашол скриено богатство

Брачен пар од Дорсет, Англија, доживеал големо изненадување кога решил да ја реновира кујната во својата селска куќа.

Беки и Роберт Фукс, во обид да ја зголемат висината на таванот, го отстраниле бетонскиот под и откриле тајна скриена повеќе од 400 години, објавува „Мирор“.

Неверојатната приказна е актуелизирана одново и одново на мрежите, а локалните медиуми ги емитувале зборовите на Беки Фокс.

– Куќата е стара повеќе од 400 години, па затоа имаше многу работа. Ги поправивме камените ѕидови и решивме да го спуштиме подот за да добиеме повеќе простор – објаснила таа.

Една вечер, додека била со децата, нејзиниот сопруг Роберт, земјоделски инженер, го бришел подот во кујната и ја повикал да погледне што открил.

– Ми рече да донесам кофа, бидејќи нашол нешто. Ја наполнивме со стари монети! Да не бевме одлучиле да ја зголемиме висината на собата, тие сè уште ќе беа таму – додала таа.

Следниот ден, Беки ги прегледала златните и сребрените монети и сфатила колку се стари.

„Датумот беше јасно видлив на нив. Некои од златните монети беа чисти и лесно можев да ги идентификувам“, открила таа.


Според информациите од Британскиот музеј, монетите веројатно биле закопани на почетокот на Англиската граѓанска војна (1642-1651) од страна на земјопоседник кој се обидувал да го зачува своето богатство.

Колекцијата од најмалку 1.000 монети, пронајдена од Фучсе во октомври 2019 година, вклучувала примероци со ликовите на кралевите Џејмс Први и Чарлс Први, како и сребрени шилинзи на Елизабета Прва.

Само среќата ги навела Беки и Роберт да го пронајдат ова богатство од минатото. Поранешните сопственици на куќата го отстраниле и подот, но не отишле премногу длабоко.

– Монетите беа 25 сантиметри пониско – истакнала таа.

Колекцијата била продадена во 2024 година на аукција во Дорчестер за двојно повисока цена од највисоката проценка. Брачниот пат Фукс добиле 60.000 фунти со кои планирале да ја отплатат хипотеката на куќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот