„БОШ фестивал“ како оаза на алтернативната култура во Гевгелија

Видео и филмски проекции, изложби и интересни музички настапи содржи програмата на 14. „БОШ Фестивал“, што на 26 и 27 август се одржува во Гевгелија.

Локално концентрирана, глобално ориентирана, посветената програма содржи и инсталации, промоција на роман, работилница за деца, саем на независно издаваштво и концерти во двата фестивалски денови кои ќе се случуваат во Народниот театар и во Уметничката галерија „Амам“, но и промоција на мурал на Ракометното игралиште.

Во музичкиот дел настапуваат Тодор Kараколев, Ата, „Corrosion“, а нивните настапи ќе бидат поткрепени со видеоинсталација на „Видео Подгорец“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 143, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 27-28 август 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!