Жосеп Борел
Жосеп Борел / Фото: EPA-EFE/FREDERICK FLORIN / POOL

Борел „згрозен“ од бројот на жртвите во израелскиот напад на бегалскиот камп

Жосеп Борел, шефот на европската дипломатија, издаде остра изјава во која нагласи дека е „згрозен“ од бројот на жртвите на израелскиот воздушен напад во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, додавајќи дека „законите на војната и човештвото мора секогаш да важат“.

Во објавата на социјалните мрежи, тој напиша: „Следејќи ја јасната позиција на Советот на ЕУ дека Израел има право да се брани во согласност со меѓународното хуманитарно право и обезбедувајќи заштита на сите цивили, јас сум ужаснат од големиот број на жртви по Израелско бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија“.

Во нападот, според извори од индонезиската болница во Газа, загинале повеќе од 50 луѓе, а уште 150 се повредени.

„Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш потсети дека меѓународното хуманитарно право не може да се применува селективно, вклучувајќи ги принципите на дистинкција, пропорционалност и претпазливост. Правото на самоодбрана секогаш треба да биде избалансирано со обврската да се поштедат цивилите во најголема можна мера“, вели Борел.

„Законите на војната и хуманоста мора секогаш да се применуваат, вклучително и кога станува збор за хуманитарната помош. Со оглед на трагедијата што се случува во Газа, Европската унија од минатата недела повикува на хуманитарни коридори и паузи за хуманитарни потреби. како што ситуацијата станува се пострашна, ова е поитно од кога било. Безбедноста и заштитата на цивилите не е само морална туку и законска обврска“, заклучи шефот на дипломатијата на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот