
Боксерската легенда Пакјао сака да се реактивира на 44 години за да дојде до олимписко злато во Париз 2024
Филипинецот е вистинска легенда и има безброј трофеи во професионалниот бокс, но нема олимписко одличје, па на стари години сака да се реактивира за да настапи наЛОИ 2024
Легендарниот филипински боксер Мани Пакјао (44), има намера да излезе од пензија за да се натпреварува на Олимписките игри 2024 година во Париз.
Препорачано
Пакјао ја заврши својата богата професионална кариера од 72 меча (62 победи од кои 39 со нокаут, 8 порази, 2 нерешени) по поразот од Јорденис Угас во 2021 година, но остана активен. Во декември имаше егзибициски меч со Кореецот ДК Ју, добивајќи со едногласна одлука.
Претседателот на Олимпискиот комитет на Филипините, Абрахам Толентино потврдил дека Пакјао планира настап на Игрите следната година.
На боксерите порано им беше забрането да се натпреваруваат на ЛОИ ако станале професионални.
Сепак, од Игрите 2016 година во Рио беше променета одлуката за спречување на професионалците да се натпреваруваат на ЛОИ.
Иако има една од најтрофејните кариери во историјата на боксот, Пакјао стана професионалец пред да забележи некој значаен успех надвор од неговата родна земја како аматер.
За да дојде до настап на ЛОИ 2024, тој ќе треба да се натпреварува на квалификациски турнир на почетокот на идната година, иако би можел да обезбеди едно од четирите достапни места со вајлд-карта.
Пакјао меѓу другото е единствениот боксер во историјата што освојувал важни светски титули во осум различни тежински категории. Тој е единствен боксер кој имал светски титули во временски простор од четири децении..