Петар Арсовски (лево) се пласира во полуфиналето на ЕП во Софија/ фото: Боксерска федерација на Македонија

 Боксерот Петар Арсовски обезбеди најмалку бронзен медал на младинското ЕП

Македонскиот репрезентативец, Петар Арсовски со убедлив резултат 5-0, го победи Велис Антонио Ремус во четвртфиналето на Европското младинско првенство во бокс, кое се одржува во Софија, Бугарија.

Со пласманот во полуфиналето, Арсовски обезбеди најмалку бронзен медал за Македонија на Европското првенство. Нашиот боксер доминираше против Ремус од Грција во сите три рунди и запиша заслужена и убедлива победа.

Противник на Арсовски во полуфиналето ќе биде Љубослав Методиев од Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот