„Боко, патувај со ангелите“: Тијана Дапчевиќ се прости со починатата водителка Бојана Јанковиќ

Фото: Инстаграм/Тијана Дапчевиќ и Бојана Јанковиќ

Веста за ненадејната смрт на српската водителка Бојана Јанковиќ, која беше пронајдена мртва во својот дом на 19 април, го потресе регионот.

Бројни пријатели и јавни личности се простија од својата драга пријателка и колешка, а меѓу нив е и нашата пејачката Тијана Дапчевиќ, која ѝ посвети емотивна објава на социјалните мрежи.

„Боко, патувај со ангелите“, напиша Дапчевиќ на Инстаграм, објавувајќи фотографија од водителката.

Фото: Инстаграм/Тијана Дапчевиќ

Покрај неа, од Јанковиќ се простија и Ѓорѓе Давид, Маријана Миќиќ, Билјана Обрадовиќ, Бошко Јаковљевиќ, Сашка Веселинов Ѓоковиќ, Ивана Балтиќ итн.

Да потсетиме, Бојана Јанковиќ се прослави во култното шоу на телевизија Пинк – „Град“.

Таа беше во брак со Огњен Јанковиќ, фронтменот на рап групата „Београдски синдикат“. Последен пат беа видени заедно во 2022 година, по што по 15 години брак се разведоа со заедничка согласност, останаа во добри односи и се грижеа за нивните две ќерки. Според нејзините објави на социјалните мрежи, таа била блиска со семејството.

Бојана својата новинарска кариера ја започна во телевизија БК. После тоа уредуваше и водеше емисии на телевизиите Метрополис и Пинк. Работеше и во претставник за односи со јавноста на проекти за заштита на животната средина и евроинтеграции, пишуваат српските медиуми.

Во 2014 година таа се врати пред камерите по долга пауза. Таа ја водеше емисијата „Тачно у 1“ на телевизија Прва, а потоа и емисијата „Град“ на Пинк.

„Враќањето на новинарството, мојата прва и основна љубов, па дури потоа на мојата професија, не е случајно. Ова е резултат на огромната желба да го работам она што најмногу ме исполнува, ме прави среќна и ме предизвикува професионално“, изјави тогаш таа, пишува „Глоси“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот