Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Бока Јуниорс тагува – почина тренерот Мигел Анхел Русо
Од аргентинскиот фудбал пристигнува тажна вест – на 69-годишна возраст почина Мигел Анхел Русо, актуелниот тренер на Бока Јуниорс и една од најзначајните фигури во историјата на јужноамериканскиот фудбал.
Препорачано
Русо ја загуби битката со тешка болест по подолго време поминато во борба со канцерот. Зад себе остави импресивна фудбалска приказна која траеше повеќе од половина век, започнувајќи како фудбалер, а продолжувајќи како стратег кој остави длабок белег на континентот.
Во својата тренерска кариера, Русо освои седум големи трофеи, а највредниот останува оној во Копа Либертадорес во 2007 година, последен што Бока го има освоено во ова елитно јужноамериканско натпреварување.
Покрај Бока Јуниорс, тој ги водеше и клубовите Ланус, Естудијантес, Росарио Централ и уште неколку други, секогаш оставајќи печат со својот тактички пристап и лидерство.
На клупата на Бока се врати по третпат во јуни 2025 година, со цел да го подготви тимот за настап на Светското клупско првенство. Беше активен до септември, кога поради нагло влошување на здравствената состојба мораше да се повлече од функцијата.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
1час
-
14час
-
15час
-
15час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5