Бојмацалиев: Со стариот пасош никаде не може да се патува, утре ќе имаме 300.000 обрасци

Митко Бојмацалиев/Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Со старите пасоши не може никаде да се патува, со нив нема да остварите излез од државата оти тие не се во функција, рече заменик Министерот за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

При денешната посета на Секторот за внатрешни работи Тетово, тој кажа дека има доволно обрасци за новите пасоши и никаде не се создава хаос.

– Како што ја информиравме македонската јавност , стигнаа 50.000, па 20.000 обрасци, па 140.000 обрасци и доцна вечерва или утре претпладне стигаат уште обрасци и ќе ја заокружиме таа бројка од 300.000 обрасци, што е сосем доволно системот да функционира нормално. Бројките се тие, фактите се тие, гледате дека обрасците стигаат тука во Тетово и секаде. Се функционира како што треба, нема саботажа, ниту хаос, имаше само лажна пропаганда и собирање политички поени со укинување на Преспанскиот договор што ги доведе граѓаните во заблуда. Никој не даде ветување дека ќе се донесе Закон со кој ќе продолжат да важат пасошите до крајот на годината. Граѓаните знаат дека од пред 2021 година се издаваат патни исправи со Северна Македонија, рече Бојмацалиев.

Тој кажа дека во моментов не постои можност да се рефундираат средства на граѓаните кои веќе извадиле лични карти и возачки дозволи со новото име.

– Откако се распишани изборите такво законско право нема, тоа ќе се смета за поткуп, кога ќе завршат изборите ќе се формира нова влада, а тој што ќе ја формира новата влада ќе донесе одлука. Секако за ова беше разговарано на седница на Владата, но заради законски рокови не е донесена никаква одлука, рече Бојмацалиев.

Тој во Секторот за внатрешни работи Тетово беше заедно со Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски при што констатираа дека се подобрува безбедносната состојба во рамки на овој сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот