Бојмацалиев: Ги пречекав обрасците за пасошите за да им ја доловам реалноста на граѓаните

Фото: МВР

Освен лажните вести кои се пласираат со обрасците, во делот на БЈБ кој е под директорот Сашо Тасевски, таму нема никакви поместувања, освен 14 законски промени, законот за Пржинска влада, нема никакви поместувања и нарушувања на јавната безбедност на граѓаните бидејќи овој партизиран систем е демонтиран, тука работат професионалци кои тешко некој може да ги помести од тие шини, вели дополнителниот заменик министер во Министерството за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во емисија на ТВ Стар.

-Ние во државата кога го правевме проектот за промена на личните документи, кога се завршени сите законски процедури кои траеле неколку години, опструирани од одредени политички партии, во државата има еден милион осумстотини и три илјади пасоши, граѓани кои поседуваат пасоши со Република Северна Македонија. Проекцијата која е правена за нарачка на нови обрасци била некаде два милиони, а до сега се стигнати со овие 85.000 обрасци, еден  милион и седумстотини триесет и четири илјади пасоши –  изјави Бојмацалиев.

Тој подвлече дека нема хаос, нема опструкции, туку има само работа од страна на МВР, од колегите во управните служби кои искрено и посветено си ја работат својата работа во целиот процес.

 

-Да се навратиме, зошто е мала бројката или луѓето не ги смениле своите пасоши, околу 600.000 граѓани, се должи исклучиво на пропагандата која ја правеше ВМРО-ДПМНЕ. Пропагандата која ја правеа сите изминати години, дека ќе го укинат Преспанскиот договор, ќе го вратат старото име, и за жал граѓаните пак ги доведоа до некаква заблуда надевајќи се дека навистина тоа што го зборуваат и го мислат, но тоа го прават само за дневно политички маркетинг – рече Бојмацалиев.

Во однос на неговото пречекување на обрасците за пасошите, тој додаде дека го сторил тоа за да им ја долови на граѓаните реалноста, и дека тоа што се зборува се лажни вести за дневно политички маркетинг, дека некој предвидел колку обрасци ќе треба и со која динамика ќе можат да се издадат.

– Има многу од ВМРО-ДПМНЕ кои пишуваа статуси на социјални мрежи и зборуваа дека ќе го поништат Преспанскиот договор и дека ќе го вратат старото име –  заклучи Бојмацалиев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот