Богата фестивалска програма за годинашниов Фолк фест Валандово

Наредните три дена на плоштадот во Валандово ќе се одржат три концерти на народна музика како увертира на годинашново издание на најстариот фестивал на новокомпонирана народна музика „Фолк фест Валандово”.

Богатата фестивалска програма започнува вечер со концертот на Ѓоко Јовиќ и групата „Енерџи”. Организаторите за утревечер го најавија концертот на „Астра бенд”, а во среда концерт ќе одржи и Сузана Гавазова.

Двете фестивалски вечери, од кои првата ревијална и втората натпреварувачка, ќе се одржат во четврток и петок на 30 и 31 мај во салата „Јанко Узунов” во Валандово.

Покрај обезбедените парични награди за победничките песни и нивните интерпретатори, организаторите на фестивалот најавија дека годинава награда за животно дело постхумно ќе му биде доделена на еден од основачите на фестивалот, Леонид Манчев, а по повод 100 години од раѓањето, признание ќе добие бардот на македонската народна музика, Никола Бадев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот