
Богачев: Проблемот е што Димитријевиќ има договор со Милано и за следната сезона
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ (27), според сите извештаи, ќе го напушти италијанскиот клуб Олимпија од Милано по само една сезона.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Димитријевиќ пристигна во Милано минатото лето, зад себе има солидна сезона (7,6 поени, 2,9 асистенции) и неколку значајни натпревари (против Реал Мадрид 22 поени, против Панатинаикос 15, Фенербахче 15), но тренерот Еторе Месина во моментов не смета на него.
Димитријевиќ го одигра својот последен натпревар за Милано на почетокот на април – против Реџана во лигата со девет минути на паркетот и четири поени.
Тој отсуствуваше во следните три натпревари, а италијанските медиуми објавуваат дека Македонецот ќе го напушти тимот на крајот од сезоната, иако има уште една година од договорот со клубот.
Неговиот поранешен клуб Уникс, каде што Димитријевиќ ги одигра најдобрите натпревари во неговата кариера, е меѓу првите што сакаат да ја искористат неговата ситуација.
– Проблемот е што тој има договор со Милано и за следната сезона. Ненад сака да игра, а ние се обидовме да го доведеме пред почетокот на плејофот, но Месина беше тврдоглав. Очигледно, Месина не ја сака Русија, иако работи тука со голем успех многу години – се зборовите на рече Евгениј Богачев, долгогодишен функционер на клубот од Казањ.
Оперативецот на Уникс вели дека нема да се откаже од играч чии квалитети многу ги цени.
– На Ненад му е јасно дека е на возраст кога треба да игра, а не да седи на клупата. Она што му се случува сега може да влијае на неговата идна кариера. Дали ќе се обидеме да го вратиме? Ќе видиме што ќе се случи на лето – рече Богачев.
Во својата последна сезона во ВТБ лигата, Димитријевиќ имаше просек од 18,9 поени, 3,6 скока и 6,9 асистенции по натпревар. Во сезоната 2023/2024, тој беше МВП на лигата. Милано за услугите на нашиот плејмејкер му плати на рускиот клуб 100.000 евра.