Блиските на Мишо Ковач открија како се чувствува пејачот по хоспитализацијата

Мишо Ковач / Фото: Инстаграм/Мишо Ковач

Вчера беше соопштено дека пејачот Мишо Ковач (82) бил хоспитализиран поради висока температура.

Легендата на хрватската забавна музика и неговата сопруга Лидија живеат во Подстрана повеќе од две години. Ковач се соочува со Хронична опструктивна белодробна болест (ХОПБ) и поради тоа му одговара животот покрај море. Во понеделникот приквечер, неговата сопруга повикала Итна медицинска помош, која го пренела во Клиничкиот болнички центар во Сплит.

Ќерката на пејачот, Ивана Ковач, вчера ја смири јавноста, потенцирајќи дека нема причина за паника.

„Татко ми заврши во Клиничкиот болнички центар во Сплит бидејќи имаше висока температура. Ништо сериозно. За постарите луѓе кои веќе имаат некакви потешкотии како него, треба да одат во болница…превентивно. Не е исто како кај нас здравите кога ќе добиеме висока температура. Лекарите ќе го задржат некое време, а потоа ќе го пуштат дома“, изјави Ивана Ковач вчера.

Денеска сигурен извор за „Слободна Далмација“ потврди дека Мишо Ковач се чувствува подобро.

„Сè уште е во болница под контрола на лекарите. Тој пие антибиотици со цел да се одржи температурата под контрола. Мишо се чувствува подобро. Ќе го задржат уште неколку дена во болница како превентивна мерка“, изјави сигурен извор за „Слободна Далмација“

Инаку, Мишо Ковач минатата година мораше да го откаже новогодишниот концерт во Вуковар поради покачена температура, за што му беше особено жал. Тој беше хоспитализиран поради покачена температура и пред две години, а го прележа и коронавирусот, заедно со сопругата Лидија и ќерката Ивана.

Најголемата љубов на Мишо Ковач: Поради неа го растурил првиот брак, а сѐ завршило со ужасна трагедија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот