Ентони Блинкен EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Блинкен за Маск: Тој е граѓанин на САД и има право да го изрази своето мислење

Американскиот милијардер Илон Маск го изразува своето мислење како „граѓанин и тој има право на тоа“, изјави денеска шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен.

– Приватно, граѓаните во нашата земја можат да кажат што сакаат, рече Блинкен на прес-конференцијата со неговиот француски колега Жан Ноел Баро.

Блинкен рече дека Маск, како и секој Американец, има право да го каже своето мислење.

Маск со недели ги зголемува провокациите на својата социјална мрежа Х, коментирајќи ги политичките дебати во Велика Британија и Германија.

Неколку високи европски претставници ги осудија неговите ставови.

Баро денеска ја повика Европската унија да ги заштити земјите-членки од мешање во европската јавна дебата.

Британскиот премиер Кир Стармер во понеделникот предупреди на опасноста од оние кои „шират лаги и дезинформации“, додека францускиот претседател Емануел Макрон изрази жалење што Маск директно се меша во претстојните парламентарни избори во Германија.

Маск претходно отворено ја поддржуваше германската екстремно десничарска партија АфД, а британскиот премиер го нарече „идиот“.

Трудо: Канада нема да стане дел од САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот