Блинкен вели дека на состанокот во Брисел се зборувало и за евроатлантската иднина на Западен Балкан

Ентони Блинкен
Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/MIKA SAVOLAINEN

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека на состанокот на министрите за надворешни работи на членките на НАТО во Брисел се разговарало и за тоа како да се зголеми помошта за поддршка на евроатлантската иднина на Западен Балкан.

Тој на Твитер напиша дека НАТО алијансата е обединета.

-За време на состанокот на министрите за надворешни работи опфативме многу – од нашите очекувања на самитот во Вашингтон следната година, до тоа како можеме да го продлабочиме нашето партнерство со Украина, до тоа како можеме да помогнеме во поддршката на евроатлантската иднина на Западен Балкан, рече Блинкен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот