Блинкен уверува дека Нетанјаху е посветен за прекин на огнот во Појасот Газа

Блинкен и Нетанјаху се состанаа во Ерусалим за да разговараат за тековните напори да се постигне „итен прекин на огнот“ во Појасот Газа како дел од договорот за заложници, како и испораката на хуманитарна помош за палестинската енклава, соопшти американскиот Стејт департмент. EPA-EFE

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја „потврдил својата посветеност“ на прекин на огнот во Појасот Газа.

-Синоќа се сретнав со г-дин Нетанјаху и тој повторно ја потврди својата посветеност на предлогот за договор за прекин на огнот, рече Блинкен, мислејќи на планот што САД го претставија пред Обединетите нации (ОН).

Шефот на американската дипломатија, реакцијата на Хамас на презентираниот план ја оцени како „знак на охрабрување“.

Хамас објави дека ја поздравува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Појасот Газа.

Блинкен патува од Израел во Јордан, каде што треба да учествува на состанокот за помош за Појасот Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот