
БКФЦ му ја одзема светската титула на Гого, прифатил борба од друга организација без дозвола
Maкедонецот Горјан Славевски остана без титулата во БКФЦ во полусредна категорија, потврдил претседателот на оваа организација Дејвид Фледнман.
Препорачано
Промоцијата за борби објави дека титулата на Славевски му е одземена затоа што прифатил борба надвор од организацијата без претходно да побара и добие дозвола.
Славевски се бореше и загуби од Брендон Џенкинс на настанот Карате Комбат 43 во Лас Вагас.
„Горјан за жал прифати борба надвор од нашата организација без дозвола и тоа резултираше со одземање на титулата во полусредна категорија. Дополнително ќе објавиме соопштение во врска со испразнетата титула“, изјави Фледман.
Македонскиот борец во БКФЦ кариерата имаше скор од перфектни 6:0 и во сите борби победи со нокаут. Титулата ја освои во август кога го победи ветеранот од УФЦ, Џејк Линдзи.
ВИДЕО | Гого поразен во борбата која во живо ја следеше Волкановски
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5