Зградата на улицата „Бихаќка“ („Павел Шатев“) во која беа становите на Груевски кои ги заплени државата во случајот „Плацови на Водно“ / Фото: Google Street View

Бизнисмен од Гевгелија ја купил „библиотеката“ на Груевски запленета од државата

Жител на Гевгелија е купувачот на еден од становите на поранешниот премиер Никола Груевски кои државата ги заплени во случајот „Плацеви на Водно“, објави „Фокус“.

Агенцијата за управување со одземен имот пред околу два месеца продаде два од петте стана на улицата „Бихаќка“ во Скопје, а тогаш не беа откриени новите сопственици. Но, сега во Катастарот веќе е направена промена во сопственоста на еден од становите, додека вториот и натаму се води на име на државата, пишува порталот.

Според податоците, помалиот од двата продадени стана, кој Груевски наводно го користел како „библиотека и работна соба“ меѓу петте распослани станови на цел кат од зградата на „Бихаќка“, го купил жител на Гевгелија. Новиот сопственик, според податоците во Централниот регистар, е гевгелиски бизнисмен со иницијали Д.С.

Станот има 38 квадратни метри квадратни, а за него гевгеличанецот платил 90.000 евра – над двојно повеќе од почетната цена на наддавањето од 44.000 евра.

И вториот стан, за кој се уште не е познат новиот сопственик, се продаде за висока цена. Тој е со површина од 57 квадрати, а од почетната цена од 63.000 евра, достигна цена дури од 131.186 евра, потсетува „Фокус“.

Груевски, кој во време на власта на Зоран Заев избега во Унгарија за да не оди во затвор за корупција, до ден-денес негира дека тие станови биле негови, тврдејќи дека само изнајмувал два од нив.

„Пламнаа“ становите на Груевски на „Бихаќка“, нема интерес за многу поскапите апартмани на Водно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот