
„Беше влакнест како видра“ – Бившата Бонд девојка вели дека Пирс Броснан е највлакнестиот маж што некогаш го видела
Лизи Канди откри дел од не толку гламурозниот живот на Бонд девојките, по нејзиното појавување во филмот „Златно око“ во 1995 година.
Препорачано
Таа ексклузивно за Дејли мејл се потсети на нејзиното искуство на снимањето, опишувајќи го како пеколно.
Во филмот, кој го одбележа дебито на Пирс Броснан како агентот 007, Лизи се појави како двојничка на Фамке Јансен во познатата сцена со сауната во која ликот на Ксенија Онатоп се обиде да го задави Бонд со нејзините нозе.

Лизи откри дека Пирс Броснан е највлакнестиот маж што некогаш го видела.
„Тој беше прекрасен човек, толку забавен и се сложувавме, но толку влакнест, како видра.“, рече таа
Се присети дека ја добила улогата во последен момент бидејќи ги имала истите мерки како данската актерка, но поголемиот дел од времето го поминувала на снимањето чекајќи во мала приколка што мирисала на риба.
Таа исто така додаде дека двојникот на Пирс мирисал лошо и дека била принудена да ја трпи непријатната миризба за време на пробите пред да дојде Пирс.
„Морав да вежбам со тој човек со непријатен мирис, беше ужасно. Не беше гламурозно, не беше добро платено.“
И покрај буџетот на Бонд од еден милион фунти, Лизи откри дека била платена само 250 фунти за нејзината работа на филмот, но за среќа добила улога и во продолжението на „Tomorrow Never Dies“ од 1997 година.

Звучи гламурозно, но многу се чека, а филмовите не се секогаш најдобри, откри таа.