Пратеникот Фатмир Битиќи во Собранието

Битиќи: Власта застана против граѓаните, ги одби нашите предлози за помал ДДВ за струјата и храната

„Денес, во Собранието на Република Северна Македонија, сведочевме на уште еден чин на отуѓеност на владејачкото мнозинство од реалноста во која живеат граѓаните. Наместо да донесат одлука што директно ќе го олесни товарот врз семејните буџети, пратениците од владејачката коалиција одбија да ги поддржат измените и дополнувањата на Законот за ДДВ, со кои предложивме намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18% на 5% и укинување на ДДВ-то за основните прехранбени производи“, изјави денеска пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

„Ова беше можност да се стави крај на скапотијата, да се намалат трошоците, да се растоварат семејните буџети. Но, владејачкото мнозинство избра да ја продолжи својата политика на игнорирање на реалноста и да покажува негрижа за граѓаните. Во време кога цените на храната растат без контрола, кога електричната енергија стана најскапа во регионот, кога граѓаните се принудени да живеат во постојана неизвесност за наредниот месец, мнозинството ги отфрли конкретните мерки што веднаш ќе значеа помали сметки за струја и поевтина храна“, рече Битиќи.

„Со предложените измени и дополнувања на Законот за ДДВ предвидовме одржливи решенија. Намалувањето на ДДВ-то за струјата ќе значеше 13% пониски сметки за над 600 илјади домаќинства. За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе заштедеа 400 денари месечно, а за повисоките сметки заштедата ќе беше уште поголема. Истото важи и за основните прехранбени производи. Намалувањето на ДДВ од 5% на 0% ќе значеше директно поевтинување на храната – односно над 3.000 производи ќе беа поевтини, меѓу кои лебот, брашното, млекото, јајцата, маслото, шеќерот и сите останати основни намирници што секојдневно ги купуваат граѓаните. Но, наместо поддршка за граѓаните, гледаме политички калкулации. Имаме отфрлање на предлози коишто може да направат позитивна разлика во секојдневниот живот“, додаде пратеникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот