
Билетите за „Златна бубамара“ ќе бидат пуштени во продажба од утре во 12 часот
Годинашната 26. „Златна бубамара на популарноста“ ќе се одржи на 16 март во арената „Борис Трајковски“, а организаторите од радио „Бубамара“ најавуваат незаборавна тричасовна претстава.
Препорачано
Под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа“, омилената манифестација на македонската публика ќе направи пресек на годинашната креативна продукција, сатирично ќе раскаже за изминатата година и ќе ги награди најголемите уметници од Македонија и регионот.
„Во ова време на енергетска, инфлациска, морална и духовна криза, ‘Златна бубамара’ повикува да се забавуваме во музички ефикасна тарифа и да се арчиме за убаво расположение“, велат од радио „Бубамара“.
Годинашните добитници на почесната награда за животно дело ќе отиде во рацете на братскиот тандем Миле и Ѓорѓи Барбаровски, кои ги напишаа некои од најубавите песни во антологијата на македонската народна музика.
Билетите ќе бидат пуштени во онлајн продажба на 23 февруари, во 12 часот, преку сервисот на karti.com.mk и mktickets.mk и во Розе Веро 2.

Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
34мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5