Фото: ФФМ

Билетите за натпреварот Белгија – Македонија пуштени во продажба по цена од 25 евра

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги информира навивачите дека започна продажбата на билети за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026, кој ќе се одигра на 10. октомври во Гент, Белгија, меѓу репрезентациите на Белгија и Македонија.

За македонските навивачи според правилата на УЕФА се издвоени близу 900 билети во секторот на стадионот наменет за гостински навивачи. Цените на билетите се утврдени од страна на Фудбалската федерација на Белгија и изнесуваат 25 евра за возрасни, додека билет за лица до 12 години чини 21 евро.

Купувањето на билетите ќе се одвива преку официјалната платформа на ФФМ (ТУКА)

При купувањето, секој навивач најпрво добива ваучер како потврда за извршената трансакција. Врз основа на ваучерот, официјалниот билет се издава и потоа се испраќа на адресата што е наведена при самото купување. Доставата на билетите се врши електронски (e-mail) и истите пристигнуваат најдоцна во рок од две седмици на наведената адреса.

Одредена цената на влезниците за натпреварот на Македонија и Лихтенштајн во Скопје

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот