Фото: Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Безбедносни и организациски мерки пред реваншот Лудогорец – Шкендија

В четврток (28 август) во Разград, Бугарија, со почеток од 19.30 часот ќе се игра реваншот во плејофот во Лигата на Европа помеѓу Лудогорец и Шкендија. Фудбалерите на Јетон Беќири во првиот натпревар одигран во Скопје триумфираа со 2:1.

Денеска бугарскиот клуб Лудогорец на својот официјален сајт ги објави безбедносните и организациските мерки за мечот со тетовските „црвено-црни“.

Лудогорец потсетува дека билетите за возвратниот дуел моментално се во продажба во базата на клубот во Разград, како и онлајн на: https://tickets.ludogorets.com

ПФК Лудогорец ги апелира навивачите да седнат на своите места порано за да избегнат гужви на влезовите.

Клубот објавува дека навивачите со предмети на Шкендија нема да бидат дозволени во домашните делови на стадионот „Хувефарма Арена“. Гостинските навивачи ќе бидат сместени во секторот „Гости“.

Клубот, исто така, потсетува дека навивачите во алкохолизирана состојба, како и лицата кои носат оружје, опасни предмети, пиротехнички средства, запалки, шишиња, шишиња од парфем и дезодоранс нема да бидат дозволени во „Хувефарма Арена“. Расистичките скандирања, како и употребата на ласери од трибините за време на натпреварот, се строго забранети. Важно е да се знае дека сите навивачи се предмет на темелна проверка на влезовите, а забранетите предмети ќе бидат конфискувани.

Посетителите кои се под 18 години мора да презентираат пополнета изјава од родител/старател. Тие се даваат при купување билет. Доколку е потребно, може да се користи линк достапен на онлајн порталот за билети https://tickets.ludogorets.com, како и на главната страница на официјалната веб-страница на клубот: www.ludogorets.com.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот