
Бесплатнo собирање кабаст отпад во Ѓорче Петров, започнува утре, ќе трае до 21 мај
Од утре, 14 мај, па до 21 мај, Општина Ѓорче Петров ќе спроведува акција за бесплатно собирање кабаст отпад, чија цел е да се подобри хигиената во населените места и да се отстранат старите, нефункционални и габаритни предмети од дворовите и улиците.
Препорачано
Граѓаните ќе можат да го остават својот стар мебел на неколку локации каде се поставени контејнери и тоа во Хром Пољана, во населбата Македонска Војска, кај месната заедница во Даме Груев, во Александрија, кај стара „петка“ – Мирче Ацев и последна станица 5-ка во населбата Дексион, каде ќе биде присутен и камион со капацитет од 18 кубни метри.
Покрај овие фиксни локации, како што информираат од Општината додека трае акцијата специјално ангажирани камиони ќе кружат на секој еден час низ повеќе точки во урбаниот и руралниот дел на општината.
Во урбаната зона:
• Наспроти влезот на Санте Плус
• Ул. Алексо Демниевски (бр. 27 и трансформаторот на бр. 1)
• Ул. Христо Батанџиев (наспроти детското игралиште)
• До кејот на Вардар (на крајот од ул. Кичевска и Рафаел Батино)
• Паркингот кај КАМ – Даме Груев
• Игралиштето на поранешната „22-ка“ во Даме Груев
Во руралниот дел:
• Ново Село (кај трансформаторот по месната заедница)
• Стопански двор (пред продавницата Блага Вода)
• Кисела Јабука (крстосница на ул. 84 и ул. 46)
• Волково (кај кружниот тек и кај Дан Дар)
• Кучково, Орман и Никиштани (сред село)
Од Општината апелираат до граѓаните да ја искористат оваа можност, но и да бидат совесни – кабастиот отпад да се остава исклучиво на означените места и во предвидениот период, за да се спречи нерегуларното депонирање и загадување на јавните површини.