Принцот Хари и кралицата Елизабета
Принцот Хари и кралицата Елизабета / Фото: EPA/ANDY RAIN

„Беше убаво да ја видам баба ми“: Принцот Хари проговори за средбата со кралицата Елизабета

Војводата и војвотката од Сасекс се поканети да присуствуваат во Бакингамската палата на прославата за платинестиот јубилеј на британската кралица Елизабета II, но нема да им биде дозволено да имаат „формална улога“ во настаните околу прославата, објави „BBC“.

Ако парот реши да отпатува во Лондон за платинестиот јубилеј на кралицата, тие ќе се појават на семејните настани, вклучувајќи го и традиционалното појавување и поздравување од балконот.

Полусестрата на Меган Маркл тврди дека Арчи е роден од сурогат мајка и дека Хари можеби не е негов татко?

Во меѓувреме, Хари проговори за неодамнешната средба со неговата баба во Виндзорскиот замок.

„Таа имаше многу пораки за британската екипа која се натпреварува на игрите ‘Invictus’. Беше навистина убаво да ја видам и сигурен сум дека таа би сакала да биде тука“, изјавил тој за „BBC“ од Хаг, каде се одржуваат игрите.

За време на средбата, Хари и Меган ѝ ветиле на кралицата дека таа ќе ги гушне нејзините правнуци Ачи и Лилибет во блиска иднина.

Хари, исто така, се сретнал и со неговиот татко Чарлс, а средбата траела само 15 минути.

Игрите „Invictus“ се поводот поради кој Хари и Меган го посетиле и Лондон. Имено, за време на патувањето од САД кон Хаг, тие одлучиле да го посетат и кралското семејство.

Кралицата Елизабета Втора постепено се повлекува од своите должности: Ја остава монархијата во други раце

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот